
Челси постави нов британски трансфер рекорд за Каиседо!
Двете екипи постигнаа договор и закажаа медицински прегледи за Каиседо, кој ќе потпише соработка до 2031 година, со опција да ја продолжи на уште една година.
Брајтон ќе добие 115 милиони фунти во готово од „сините“, а воедно ќе добие и процент од следната продажба на Каиседо.
Ливерпул претходно постигна договор со Брајтон за Каиседо, но еквадорскиот репрезентативец одби да се пресели на „Енфилд“.
