
Челси и Тотнем се интересираат за исти тренери – кој каде ќе заврши?
„Телеграф“ денеска пишува дека Тотнем планира да го контактира Луис Енрике во наредните денови. Шпанецот нема клуб во моментов, а неодамна изјави дека би сакал да се проба во Премиерлигата доколку има сериозен проект.
Енрике веќе имаше интервју со Челси, тој е еден од кандидатите на сините за нов тренер.
Тотнем исто така се интересира за Јулијан Нагелсман, за кој се претпоставува дека е нивна прва желба.
Но и Челси се поврзува со стратегот кој неодамна доби отказ од кормилото на Баерн Минхен.
Иако во игра се споменуваат и други имиња, големи се шансите Луис Енрике и Нагелсман да се преселат во Лондон, само нејасно е кој во кој клуб ќе замине.