
Челси губеше до 92. минута, па по пенали го исфрли Њукасл од Лига купот (ВИДЕО)
Натпреварот на Стемфорд Бриџ заврши нерешено (1-1) во основниот дел, но Њукасл пропушти можност за пласман во полуфиналето бидејќи имаше водство до втората минута од судиското продолжение. Вилсон го отвори резултатот во првото полувреме, се чинеше дека Њукасл ќе земе уште еден голем скалп, но во 92. минута Мудрик се погрижи за израмнување. Тоа беше и награда за Челси кој беше многу подобар противник, имаше 78% посед на топката и упати 14 шута (Њукасл само четири).
Во пенал-серијата промашија Трипие и Ричи, па Челси со 4-2 се пласира во следната фаза. Заедно со него, меѓу осумте најдобри се најдоа уште Фулам и Мидлсброу, а последниот патник ќе се знае утре, по дуелот на Енфилд меѓу Ливерпул и Вест Хем.