
Челси двапати го победи Ливерпул на трансфер пазарот, а сега доби битка и со Сити!
Челси изминативе денови беше поуспешен од Ливерпул во битката за потписите на Моизес Каиседо од Брајтон и Ромео Лавиа од Саутемптон, а сега ќе издвојуваат нов триумф, овоjпат над Манчестер Сити.
Неколку извори од „островото“ попладнево пренесоа дека „сините“ се пред ангажман на Мајкл Олисе од Кристал Палас.
Челси ќе ја активира откупната клаузула во договорот на офанзивниот фудбалер вредна 35 милиони фунти, нешто над 40 милиони евра.
Пеп Гвардиола го имаше Мајкл Олисе во својот бележник како потенцијална замена за Ријад Марез, но тренерот на „граѓаните“ сега ќе треба да се насочи кон други цели.
