
Челси доби шанса да си ја спаси сезоната – ќе игра во финалето од Лига купот (ВИДЕО)
Првиот натпревар пред две недели заврши со победа на второлигашот со 1-0, но денеска „сините“ едноставно немаа милост кон противникот. Откако Хоусон си постигна автогол, погодуваа Фернандез, Дисаси, два пати Палмер и Мадуеке, а честа на Мидлсброу ја спаси Роџерс во 88. минута.
Во финалето, Челси ќе игра со подобриот од двомечот меѓу Фулам и Ливерпул. Реваншот во Лондон е на програмата утре, а „црвените“ во него влегуваат со гол предност од првиот дуел на Енфилд.