
ЧЕКОР НАПРЕД, ТРИ НАЗАД – зошто двајцата топ државни должници натрупаа обврски од над 100 милиони евра
Новинарите
објавуваат текстови, но состојбите во реалноста не се менуваат. Најголемите
државни должници остануваат да бидат тоа, а нивните неплатени обврски никако да
се намалат. „Ѕидот на срамот“ што всушност требаше да го претставува листата на
Министерството за финансии за најзаборчените државни и јавни институции кои не
си ги подмируваат навреме своите долгови, се чини дека неколку години потоа, не
успеа да ги засрами и да ги натера да се раздолжат.
На
крајот на годината која штотуку измина, 2023, најновиот список на Финансии ги
дава горе долу истите најзадолжени државни или јави субјекти. Оние кои најмногу
борчеа продолжуваат да ги трупаат своите долгови, а нив им се придодадоа и
некои „нови клинци“, кои за релативно кус период успеаја да создадат непримерно
високи должнички салда.
На
крајот на декември АД Македонски железници транспорт продолжува да биде
најголемиот државен должник со 65 милиони евра доспеани а неплтени обврски.
Неговиот
„брат“ МЖ Инфраструктура како и вообичаено му дише во врат, со задолженост од
41 милиони евра.
Или, заедно Транспорт и Инфраструктура имаат неплатени обврски од 106 милиони евра.
Третото
место и на крајот на четвртиот квартал лани го држи ЕСМ за Дистрибуција на
Топлина, со долг од 22,2 милиони евра. На истата позиција оваа фирма ќерка на
ЕСМ беше и на крајот на третиот квартал лани, иако сега неплатените обврски и
се намалени за околу четири милиони евра, тренд кој за воља навистината продолжува второ тримесечје по ред. Или, долгот на крајот на вториот квртал им беше 27,7 милиони евра, па за три месеци се намали на 26 милиони, за сега да има дополнително снижување наа 22,2 милиони евра.
Следува
јавната здравствена установа Завод и Ургентен центар со неплатени обврски од
безмлку 22 милиони евра.
На
петто место е новоформираното претпријатие за гасификација „Номагас“, чии долг
е 10 милиони евра, па следува АД ЕЛЕМ, со 9,5 милиони евра.
ЈП
Водовод и Канализација Скопје има неплатени а доспеани обврски од 9,1 милиони
евра, а ЈП Водовод Куманово е со 9 милиони. Општина Тетово има 8,4, а Гостивар
8,3 милиони евра.
После овие 10, треба да се спомене дека 11-тиот должник
станал Градот Скопје, со неплатени обврски од 7,3 милиони евра.
Н.Н.Ф.
