Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Чекаат три неисплатени плати – наместо правда добиле судски трошоци од 20.000 евра
Македонија

Чекаат три неисплатени плати – наместо правда добиле судски трошоци од 20.000 евра

03/03/2023

AA

Кавадаречка тестилна компанија три години одбива да им исплати три заработени плати на околу 70 текстилни работнички. Тие ја тужеле компанијата, нo судот пресудил во корист на бизнисмените. Текстилните работнички сега треба да платат 20.000 евра за судски трошоци.

Седумдесетина конфекциски работници протестираа пред судот во Кавадарци, незадоволни од судска пресуда.

Во изјава за медиумите, тие рекоа дека биле вработени на неопределено време во текстилна фабрика до 23 февруари 2020 година, а фирмата им должела по три неисплатени минимални плати, придонеси од плата и други стасани парични побарувања од плата, во вкупен износ од 9.6 милиони денари, или, секој од нив побарувал по над 130 илјади денари.

Нивниот правен застапник, Даница Милкова изјави дека во подготовка е жалба на судската пресуда до Апелациски суд Скопје.

Според неа, имотот на текстилната фабрика бил продаден, а финансиски средства биле дадени како позајмица на семејна фирма на сопствениците на конфекцијата.

Поддршка добија и од претседателот на Здружението за заштита на работнички права „Гласен текстилец”, Кристина Ампева, којашто ги повика Управата за јавни приходи, Министерството за внатрешни работи, економски криминал, финансиска полиција и Основно јавно обвинителство, да го истражат случајот.

Од Основен суд Кавадарци најавија дека ќе се произнесат во понеделник.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy