
Чеферин конечно призна дека ЛШ по 2025 година може да се игра и во – САД!
Чеферин пред неполни три недели со акламација го доби третиот мандат на чело на УЕФА, па сега посочи дека екстремната популарност на фудбалот во САД, ги тера на размислување за најзначајното европско натпреварување, кое од следната година ќе се прошири на 36 учесници во групите, да има мечеви во САД и нормално сѐ е поради – многу пари.
„Да, можно е ЛШ да се игра и во САД. Почнавме да разговараме за тоа. Финалето во 2025 година е во Минхен, а после тоа – ќе видиме. Фудбалот е екстремно популарен во САД, Американците се подготвени да платат многу за најдобрите во фудбалот. Ќе го следат европскиот фудбал од Европа, како што Европа ја следи НБА. Јас бев шокиран кога видов дека Еуро 2020 во САД беше погледано од финалето во НБА, а 30 мечеви од Еуро 2020 беа гледани како Суперболот“, рече Чеферин.

