Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Чебрен ќе се гради со британски пари
Македонија

Чебрен ќе се гради со британски пари

26/05/2025

AA

Хидроелектраната Чебрен конечно добива зелено светло – и тоа со финансиска поддршка од Обединетото Кралство. На денешната надзорна расправа за аерозагадувањето во Собранието, премиерот Христијан Мицкоски објави дека изградбата на стратешките проекти Чебрен и Галиште ќе се реализира со средства од британски заем, во вредност од 1,2 до 1,3 милијарди евра.

„Единствено за кое преговараме од стратешки аспект се изградбата на хидроелектраните Чебрен и Галиште. Силно сум убеден дека ни се потребни, не само од аспект на производство на електрична енергија, туку и како водни ресурси со оглед на климатските промени,“ рече премиерот.

Според Мицкоски, новите акумулации ќе имаат повеќекратна корист: ќе обезбедат дополнителна количина вода за Тиквешко поле, ќе ја зајакнат организираната мрежа за наводнување и ќе помогнат да се спречат загуби во земјоделското производство. Премиерот потенцираше дека овие водни ресурси ќе покриваат околу 55-60 илјади хектари земјоделско земјиште од прва класа, што директно ќе влијае на продуктивноста на овоштарите и земјоделците.

Покрај економскиот и енергетскиот бенефит, Мицкоски посочи и на туристичкиот потенцијал на акумулациите во Мариово. Приватни инвеститори веќе покажуваат интерес за развој на туристички капацитети во регионот, што дополнително ќе ја зајакне локалната економија.

„Ова е стратешки проект кој нема да заврши во мандатот на оваа влада, туку ќе се реализира во текот на следните неколку децении. Но, вредноста што ќе ја донесе за државата е огромна,“ нагласи Мицкоски.

Средствата за проектот ќе бидат обезбедени преку поволни државни заеми, а дел ќе се финансира преку пазарни механизми и приватни инвестиции.

Мицкоски, во контекст на влијанието врз здравјето, истакна дека подобрата животна средина ќе значи и намалена потреба од здравствени услуги. Буџетот на Фондот за здравство, според него, е најголем досега – 53 милијарди денари, што е зголемување од 300 милиони во споредба со претходните буџети.

Со изградбата на Чебрен и Галиште, Северна Македонија прави сериозен чекор напред во енергетската независност, еколошката стабилност и руралниот развој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Почина режисерот и драматург Кирил Петрески

29/08/2026
Македонија

Инцидент во Желино: Со нож и репетиран пиштол се заканувал

29/08/2026
Македонија

Дедо од тетовско со дрвен предмет си го истепал малолетниот

29/08/2026
Македонија

Висока температура, повраќање и дијареја: 139 деца за 48 часа

29/08/2026
Македонија

Гласна музика во охридски хотел: Ја надминале дозволената бучава, полицијата

29/08/2026
Македонија

Ангелов: Во Куклиш пожарот стигна до првите куќи, храбрата реакција

29/08/2026
Македонија

За 4 месеци годинава уапсени 15 пиромани

29/08/2026
Македонија

Маж од струшко истепан од сосетката, му ги земала и

29/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45326
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Почина режисерот и драматург Кирил Петрески

29/08/2026

Почина режисерот и драматург Кирил М. Петрески (1971–2026), информира Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп. Петрески од 2013 година беше

Инцидент во Желино: Со нож и репетиран пиштол се заканувал на сожител поради претходни недоразбирања

29/08/2026

На 29.08.2026 околу 02:00 часот во СВР Тетово, М.Д.(29) од с.Желино, тетовско, пријави дека во селото, додека бил со неговите

Дедо од тетовско со дрвен предмет си го истепал малолетниот внук

29/08/2026

На 29.08.2026 во 08:10 часот полициски службеници од СВР Тетово, го лишија од слобода Р.Е. (63) од с.Палатица, тетовско, по

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy