
Чави: Ќе заминам од Барселона!
Барселона е сè подалеку од одбрана на титулата во Ла Лига, а Чави кажа дека ќе го напушти тимот во јуни.
„Ќе заминам од Барселона во јуни. Стигнавме до точка од која нема враќање. Време е за промена. Зборував со раководството денеска. Ќе заминам на 30 јуни“, кажа Чави.
Каталонскиот тим по 21 коло се наоѓа на третата позиција со 44 бодови, односно 10 помалку од лидерот Реал Мадрид.
