
Чави е најлош тренер на Барселона во Лигата на шампионите
Иако каталонскиот тим како првопласиран во групата влезе во осминафиналето од Лигата на шампионите, а во другите натпреварувања се уште е во игра за трофеите, Чави е на удар поради лошата играта и поразите кои се се почести. Особено тоа важи за оние во ЛШ каде Чави не може да се пофали со многу успеси.
Дури во третиот обид влезе во нокаут фазата од елитното европско натпреварување, но и во ваков случај успеа да ги разочара навивачите. Тој е најлош тренер на Барселона во Лигата на шампионите откако овој куп го носи тоа име. На 14 натпревари, Чави веќе има шест порази, колку што, на пример, Луис Енрике претрпе на 33, а Пеп Гвардиола на 52 натпревара.
Тоа е ефект од само 42% и затоа никој од навивачите повеќе не верувам дека Барселона може да ја освои титулата ЛШ.
