
ChatGPT троши двојно повеќе електрична енергија од Македонија
Според новата анализа на BestBrokers, базирана на истражување од Универзитетот во Род Ајленд, алатката ChatGPT годишно троши околу 17,23 TWh електрична енергија. За споредба, вкупната годишна потрошувачка на електрична енергија во Македонија изнесува околу 8 TWh. Проценката се темели на 0,189 kWh по барање и 810 милиони активни корисници кои поставуваат просечно 22 прашања неделно.
Дневно, ChatGPT обработува повеќе од 2,5 милијарди барања, што троши околу 47,2 GWh електрична енергија – доволно за полнење на 238 милиони електрични возила со батерии од 72,4 kWh. За споредба, просечното домаќинство во САД или Западна Европа троши 29 kWh дневно, додека вкупната годишна потрошувачка во Македонија од 8 TWh опфаќа околу 1,6 милиони домаќинства.
Претставникот на BestBroker.com, Алан Голдберг, посочува дека енергетската ефикасност на системите се подобрува, но растот на бројот на корисници и сложеноста на моделите ги поништуваат потенцијалните заштеди. Тој додава дека, без технолошки иновации, трошоците за работа на АИ алатките би можеле дополнително да растат. Истакнувајќи, ова се проценки, а не официјални податоци од OpenAI, при што резултатите може да варираат според други студии.
