Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „CHATGPT РАБОТИ 80 ПРОЦЕНТИ ОД МОЈАТА РАБОТА“: Овие работници тајно го користат четботот, а нивните шефови немаат поим
Економија

„CHATGPT РАБОТИ 80 ПРОЦЕНТИ ОД МОЈАТА РАБОТА“: Овие работници тајно го користат четботот, а нивните шефови немаат поим

17/04/2023

AA

Дел од работниците
во одредени професии признаваат дека користеле ChatGPT во текот на работниот процес. Алатката им
овозможува да ја завршат работата барем за половина од вообичаеното време.

Повеќето од
работните места што ги извршуваат овие работници вклучуваат многу пишување,
како што е создавање на маркетинг материјали, за кои четботот покажал дека е
исклучително вешт.

ChatGPT е голем
јазичен модел – систем за вештачка интелигенција кој е обучен на огромни
количини текстуални податоци за да генерира човечки одговори на дадени прашања.
Кога стартапот OpenAI го објави бесплатно во декември, ги отвори очите
на јавноста за тоа колку моќна технологијата стана во последниве години.

Брзо се користеше за полагање испити, држење говори,
пишување софтвер, подготвување правни документи и давање совети. Но, речиси
половина година подоцна, неговите корисници станаа поискусни и сега можат да
користат ChatGPT и во работниот
процес.

„ChatGPT работи 80 отсто од мојата работа“, изјави за „Vice“ Бен, „преморен“ работник кој разбирливо
сакаше да остане анонимен.

Бен од Торонто работи
во маркетинг оддел за компании
за финансиска технологија, а кога  го откри ChatGPT работите се променија. Тој, и многу негови колеги во
светот на маркетингот, би можеле да користат вештачка интелигенција за брзо да
пронајдат конкретни информации или да генерираат пишани материјали кои речиси
не се разликуваат од оние напишани од луѓето.

Откако ова значително
му го намалило времето кое му било потребно да се справи со работата, тој се
запрашал дали може да земе друга работа и да го стори истото.

Се разбира,
претходно оваа година, тој го направи токму тоа, па дури и го користеше ChatGPT
за да ги пишува своите мотивациски писма додека аплицираше.

„Само дајте го
контекстот и приказната е завршена“

Бен додаде дека
неодамнешното издание на GPT-4, уште помоќна верзија на оригиналот, е уште
подобро во разбирањето на неговите специфични барања. „Можам само да му кажам
да создаде приказна и тој само го прави тоа за мене, врз основа на контекстот
што му го давам“, изјави тој за Vice.

Текстот што го
генерира обично вклучува некои мали измени, додаде тој, бидејќи понекогаш прави
грешки.

ФОТО: EPA/WU HONG

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy