Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Чарлс и Камила се селат од омилената резиденција на кралот
Магазин

Чарлс и Камила се селат од омилената резиденција на кралот

10/04/2024

AA

Кралот Чарлс (75) и Камила (76) се подготвуваат да ја напуштат Кларенс Хаус, а поради неговата здравствена состојба забрзана е работата во Бакингемската палата за да може кралската двојка што поскоро да се всели. Така, кралот полесно и побрзо ќе ги извршува секојдневните обврски и нема да мора да патува. Доколку се оди според планот, работите би можеле да завршат до 2027 година.

Кралот Чарлс и неговата сопруга планираат да се преселат во северното крило на палатата, која се реновира десет години. Работите ги почна кралицата Елизабета Втора. Во моментов се реновираат приватните апартмани.

Поради забрзувањето на работата, кралот Чарлс моментално бара нови помошници. Неговата канцеларија објави оглас во кој бара луѓе задолжени за „одржување, чистење и грижа за широк спектар на ентериери и предмети“, пренесува „Хелоу“.

Во огласот исто така беше наведено дека од вработените ќе се бара да патуваат во други кралски резиденции во текот на годината до три месеци.

„Претходно искуство во домаќинство или угостителство не е потребно, но е предност. Повеќе нè интересира вашиот проактивен пристап и способност да се справите со новите предизвици“, стои во описот на огласот.

Не е познато дали кралот Чарлс ќе ја задржи Кларенс Хаус како втор дом кога ќе се пресели во Бакингемската палата со 775 соби. Инаку, како едно од неговите омилени места се смета и имотот во Сандригем, каде моментално поминува најголем дел од своето време.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Два случаи на семејно насилство во Скопје: Синови ги претепале

27/07/2026
Македонија

МВР викендов казни над 1.300 возачи – најмногу за брзо

27/07/2026
Македонија

ИЈЗ: Осум случаи на западнонилска треска регистрирани годинава во Македонија

27/07/2026
Македонија

Водата во Маврово не е безбедна за пиење

27/07/2026
Македонија

Доктор по стоматологија под истрага – посредувал за положување стручен

27/07/2026
Македонија

Несреќа во Тетово: Чичко ненамерно го прегазил внукот со автомобил

27/07/2026
Македонија

Од 1 август поскапува парното во Скопје – сметките повисоки

27/07/2026
Македонија

„Нека ти е светол патот во царството Небесно Легендо!“: Емотивна

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44693
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Два случаи на семејно насилство во Скопје: Синови ги претепале своите мајки

27/07/2026

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапки против две лица за кривично дело – Телесна повреда согласно член 130 став 2

МВР викендов казни над 1.300 возачи – најмногу за брзо возење

27/07/2026

Засилените сообраќајни контроли што Министерството за внатрешни работи ги спроведе во текот на изминатиот викенд резултираа со повеќе од 1.300

ИЈЗ: Осум случаи на западнонилска треска регистрирани годинава во Македонија

27/07/2026

Во Македонија од почетокот на годинава се регистрирани осум случаи на западнонилска треска, покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy