
Чаирчани не се ни испотија против ФМП
ФМП уште на почетокот на натпреварот покажа знаци на слабост и тоа го искористи Чаир кој поведе со 32-10 на крајот на првата четвртина, додека на полувреме водството се зголеми до 53-30.
Чаирчани продолжија со сигурната игра и во второто полувреме, а повторно го засилија темпото во последните 10 минути кога ги поставија конечните 107-74.
Корбер беше најефикасен во победничкиот тим со 24 поени, додека Крстајиќ постигна 22, а на спротивната страна најдобар беше Петровски со 21 постигнат поен.