
Чаир го прегази ФМП за 11. победа во лигата!
Чаир ја доби првата четвртина со 23-17, по што ФМП даде отпор до крајот на полувремето и замина со негатива од 38-43.
Академија ФМП парираше и во третата четвртина, но Чаир се разигра во последните 10 минути и го наполни кошот на ривалите.
Американецот Роби постигна 22 поени, четири скокови и седум асистенции за Чаир, додека Мустафица запиша 21 поен, 17 поени и пет скокови. На спротивната страна, Брукс беше најефикасен со 20 поени, 14 скокови и две асистенции.
Чаирчани се наоѓаат на четвртата позиција со 11 победи и пет порази, додека ФМП има три триумфи и 13 порази.