Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“
Економија

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

27/04/2024

AA

Експерти од повеќе области од неколку земји
дебатираа на тема „Прекумерен раст или страв од подемот на Кина“ во четвртата
емисија од серијалот Global South Voices што се емитуваше на водечкиот
телевизиски канал CGTN.

Според Мушахид Хусеин Сајед, претседател на
Комитетот за одбрана на пакистанскиот Сенат, кој всушност беше и водител на
емисијата, терминот „прекумерен капацитет“ во последно време постојано се
употребува, особено фокусирајќи се на проширувањето на кинеското производство
во нови сектори како што се електрични возила (ЕВ), литиумски батерии и соларни
панели. Ваквиот став, како што рече тој, сугерира дека загриженоста на Западот
за нивната конкурентност во овие индустрии ги наведува да ги означат растечките
индустрии во Кина како прекумерен капацитет што би го попречил нивниот
напредок.

Акдас Афзал, професор по економија на
Универзитетот Хабиб, во Карачи, рече дека постојат две причини зошто овој
термин е присутен.

„Мислам дека постои загриженост кај одредени
западни земји поради ѕвездениот и експоненцијален, неверојатен економски раст
на Кина, тоа е првата причина, а втората е од политичка природа, бидејќи ова е
изборна година во САД. Затоа и не може да се одвојат она што се случува во
однос на политичките искази што доаѓаат од САД и домашната политика“, рече
економистот Афзал.

Во однос на напорите за сузбивање на климатските
промени и „зеленото производство“, норвешкиот политичар, Ерик Солхајм, и
поранешен шеф на Програмата на ОН за животна средина и претседател на
Институтот Зелен појас и пат, истакна дека на Кина треба и се оддаде признание,
наместо да биде критикувана. Говорејќи на оваа тема, тој, исто така, ја пофали
Кина за „намалувањето на цените“ во земјите во развој во однос на користењето
зелена технологија.

Според Кох Кинг Ки, претседател на Центарот за
нова инклузивна Азија, подемот на Кина отвора многу можности за целиот свет.

„Кина е незапирлива во развојот на зелената
технологија и носењето опипливи придобивки за оние неразвиени региони ширум
светот. На светот му е потребна Кина во овие индустрии. Ние сме од “глобалниот
југ“ се радуваме што Кина што произведува (повеќе) евтини стоки“, нагласи Ки во
дебатата.

Како што оцени пак, Чен Кси, основач на Harbour
Overseas, САД треба да се приклучат на пазарната конкуренција и да го користат
кинескиот синџир на снабдување за да соработуваат, за да обезбедат подобра
опција за да се дојде до зелена економија и да се прилагодат на климатските
промени на глобално ниво.

Од Пекинг, Анита Буховски

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy