Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЦЕНОВНИ ШОКОВИ:  Кои суровини ќе поскапат поради војната на Блискиот Исток?
Економија

ЦЕНОВНИ ШОКОВИ: Кои суровини ќе поскапат поради војната на Блискиот Исток?

30/10/2023

AA

Поради судирите меѓу палестинската терористичка група Хамас и Израел, светот ќе се соочи со бран поскапувања. Светска банка вели дека конфликтот на Блискиот Исток може да доведе до пораст на цените на суровините. Се зголемија и цените на земјоделските производи, соопшти денеска Светската банка.

Ризикот од ширење на војната меѓу Израел и Хамас во регионот на Блискиот Исток може да доведе до уште поголем пораст на цената на нафтата, која за три недели од таа војна се зголеми за шест отсто.

„Конфликтот на Блискиот Исток го зголемува влијанието на руската инвазија на Украина, која предизвика најголем шок на пазарот на суровини од 1970-тите“, потсети во соопштение главниот економист на Светската банка, Индермит Гил.

Има повеќе прогнози за тоа што ќе се случува. При ограничено влијание на војната, цената на нафтата може да порасне за три до 13 отсто, на 93-102 долари, во средно опасно сценарио, нафтата би можела да чини меѓу 109 и 121 долар. Во најлошото сценарио, нафтата би достигнала цена меѓу 140 и 157 долари, што би било потенцијално повисоко од историскиот максимум од 147,50 долари во 2008 година. 

Кога почна војната во Украина лани на 24 февруари, во многу земји имаше инфлација која потоа се стабилизираше. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy