Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА СО НОВ РЕКОРД: Еве колкав е „пикот“ за изминативе 10 месеци, дали тоа може да биде добра работа?
Економија

ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА СО НОВ РЕКОРД: Еве колкав е „пикот“ за изминативе 10 месеци, дали тоа може да биде добра работа?

18/09/2023

AA

На светските берзи цените на нафтата минатата недела пораснаа по трет пат по ред, достигнувајќи нови највисоки нивоа за повеќе од 10 месеци, бидејќи најголемите светски производители решија да го задржат намаленото производство на црно злато, пишува „Политико.рс“.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 3,6 отсто на 93,93 долари, што е ново највисоко ниво од ноември минатата година.

На американскиот пазар, пак, цената на барелот порасна за 3,7 отсто на 90,77 долари, исто така ново највисоко ниво во последните 10 месеци.

Порастот на цените трета недела по ред е резултат на одлуките на Саудиска Арабија и Русија за намалување на производството. Овие водечки извозници ќе ги намалат испораките до крајот на оваа година за вкупно 1,3 милиони барели дневно.

Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините сојузници веќе го одложија крајниот рок за договор за намалување на понудата до крајот на следната година.

Со намалување на производството, овие земји се обидуваат да одржат зголемени цени на нафтата, имајќи предвид дека побарувачката слабее поради забавувањето на растот на најголемите светски економии.

Цените минатата недела беа поддржани од новите макроекономски показатели од Кина, најголемиот увозник на нафта во светот.

Во август, индустриското производство и продажбата на мало пораснаа повеќе од очекуваното, поттикнувајќи ги надежите дека закрепнувањето на втората по големина светска економија, а со тоа и побарувачката за нафта, се забрзува.

На цената на нафтата позитивно влијае и шпекулациите дека американската централна банка повеќе нема да ги зголемува каматните стапки и дека тамошната економија ќе избегне рецесија.

Можно е и Европската централна банка да го заврши циклусот на зголемување на каматните стапки.

Тоа значи дека по продолжено забавување, растот на економиите на САД и еврозоната би можел да се стабилизира. А тоа би довело до стабилизирање на побарувачката за црно злато.

По растот во три недели по ред, цените на нафтата ги продолжија своите годишни добивки до датумот. На лондонскиот пазар во однос на почетокот на годината цената на барелот поскапе за околу 9,5 отсто, а на американскиот пазар за околу 13 отсто.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОВИКА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ЈА ИСТРАЖИ ВРСКАТА НА ЗАЕВ

15/02/2026
Македонија

„САМО ШТО ЗЕДОВМЕ МИЛИЈАРДА“: Владата мерка ново задолжување до 300

15/02/2026
Македонија

ГОЛЕМ ОДРОН КАЈ СЕЛОТО КОЛАРИ Забрана за автобуси од Лисец

15/02/2026
Македонија

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои

14/02/2026
Македонија

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и

14/02/2026
Македонија

Муцунски: Германија останува клучен партнер во македонските евроинтеграции и економската

14/02/2026
Македонија

📽️ 📷 МИРОТ МОРА ДА БИДЕ ПРАВЕДЕН ЗА ДА БИДЕ

14/02/2026
Македонија

НАМЕСТО БИЗНИС ОСТАНАЛА БЕЗ ПАРИ Кавадарчанка измамена за 3.000 евра

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41483
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОВИКА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ЈА ИСТРАЖИ ВРСКАТА НА ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО МАРИХУАНАТА Дуото

15/02/2026

По сѐ што Филипче и СДС, се обидуваат да ѝ сервираат на јавноста околу темата за канабис, редно е да

„САМО ШТО ЗЕДОВМЕ МИЛИЈАРДА“: Владата мерка ново задолжување до 300 милиони евра – Јавниот долг

15/02/2026

Само неполн месец откако државата се задолжи со една милијарда евра преку издавање на еврообврзница, Владата повторно ја разгледува опцијата

ГОЛЕМ ОДРОН КАЈ СЕЛОТО КОЛАРИ Забрана за автобуси од Лисец кон Шапка

15/02/2026

На патниот правец Кичево – Гостивар поради голем одрон кај село Колари од 7 часот изутринава е воведен наизменичен сообраќај

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy