Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЦЕНИТЕ НА АКЦИИТЕ РАСТАТ! МБИ-10 со нов рекорд по пауза од 12 години
Економија

ЦЕНИТЕ НА АКЦИИТЕ РАСТАТ! МБИ-10 со нов рекорд по пауза од 12 години

20/12/2024

AA

Вредноста на МБИ-10 за една година е зголемена за 66%, a oва само по себе кажува каква била годината што изминува на Македонската берза за хартии од вредност

Македонскиот берзански индекс МБИ-10 вчера го забележа својот нов историски максимум и го затвори тргувањето со вредност од 10.089 индексни поени. Со тргувањето вчера МБИ-10 го урна својот досегашен рекорд што беше достигнат на 30 август далечната 2007 година кога за прв пат беше пробиена психолошката граница од 10.000 поени, а вредност на МБИ-10 достигна 10.058 индексни поени.

Вчера, по пауза од 12 години, 3 месеци и 20 дена барометарот на Македонската берза МБИ-10 постави нов рекорд.

Како што веќе пишувавме, новата рекордна вредност беше очекувана со оглед на тоа што особено во последнава година најтргуваните акции на нашата берза покажаа конзистентност во континуираниот раст на пазарните цени. Се тоа е збир на објективни, но и субјективни пазарни околности. За кои досега сме пишувале во неколку наврати.

Наједноставно кажано тригодишниот тренд на конкурентност на дивидендните приноси со каматните стапки, ликвидноста во тргувањето на најбараните македонски акции и доследната и беспрекорна дивидендна историја на тие акции направи да бидат барана стока на македонскиот пазар на капитал.

Тука вреди да се напомене и тоа дека релативно ограничената понуда на квалитетни домашни акции односно нивната концентрација во МБИ-10 беше и дополнителен катализатор за растот на пазарните цени на најбараните македонски акции.

Само за отсликување на тоа каква беше оваа година за најдобрите десет акции на Македонската берза е доволно да кажеме дека вредноста на МБИ-10 за една година се зголеми за повеќе од 4.000 индексни поени. Едноставно кажано вредноста на МБИ -10 за една година порасна за порасна за 66%

Растот е енормен во однос на периодот во кој е реализиран.

Што е МБИ-10 кои се клучните македонски акции?

Македонскиот берзански индекс кој преку пондерација преку пазарна капитализација овозможува објективно прикажување на движењата на цените на Македонската берза. Индексот го сочинуваат 10 акции кои се тргуваат на Официјалниот пазар поради што и ја има наставката 10 во својот наслов.

МБИ-10 го сочинуваат акциите на: Комерцијална банка, Алкалоид, Макпетрол, Гранит, Стопанска банка Скопје, ТТК Банка, НЛБ Банка, Македонски телеком, Македонијатурист и од пред некој ден акцијата на Реплек.

Македонската берза два пати годишно прави ревизија на вредноста на индексот. Ревизијата се прави на шест месеци односно првата е во јуни, а втората на средината на декември.

Најголемо влијание во структурата на индексот имаат Комерцијална банка и Алкалоид кои воедно се и најликвидни т.е. најтргувани акции на нашата берза. Тие две придонесуваат со по 20 отсто во вредноста на МБИ-10. Следни две највлијателни акции за пресметка на вредноста на МБИ-10 се Макпетрол чија акција придонесува со 16,49 отсто во вредноста на индексот и НЛБ Банка која контрибуира со 15,38 отсто. И тука завршува бројот на акции со двоцифрен придонес во МБИ-10. Скопски „Гранит“ уествува со 8,79 отсто, а Стопанска банка Скопје со 5,29 отсто. Акацијата на „Реплек“ придонесува со 4,89 отсто, а Македонски Телеком со 3,93 отсто. Со 2,89 отсто во МБИ-10 учествува ТТК Банка со 2,89 отсто, а „Македонијатурист“ со 2,34 отсто.

Повеќе детали за индексот има на следниот линк 

Н.С.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy