
ЦЕНАТА РАСТЕ: Бакарот може да достигне рекордни 12.000 долари
Цената на бакарот би можела да достигне рекордни 12.000 долари за тон во 2025 година.
Така е поради зголемената глобална побарувачка и можноста за воведување американски царини.
Mercuria, Trafigura и Frontier Commodities објавија на самитот на FT Commodities во Лозана дека очекуваат цената на бакарот на Лондонската берза за метали (LME) значително да порасне до крајот на годината, пишува Financial Times.
Највисоката забележана цена на бакарот беше речиси 11.000 долари во мај 2024 година, но оттогаш се намали. Сепак, во 2025 година цената повторно е во пораст и моментално се движи околу 10.000 долари за тон.
foto freepik.com/kurguzov

