ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 30 ОТСТО: Пикот допрва доаѓа?
Цената на златото годинава се зголеми за речиси 30 отсто.
Но, се смета дека цената на златото уште не го достигнала врвот. Во обид да ги диверзифицираат девизните резерви, Кина, Русија и други земји ги зголемуваат своите резерви на злато, што се смета за алтернатива на американскиот долар. Во светот последниве години има доста превирања. Можна е целосна војна на Блискиот Исток, војната меѓу Украина и Русија трае, а во САД се чека исходот од претседателските избори.
foto freepik.com