
Цената на струјата во првиот блок поевтинува за 5,16% – во третиот и четвртиот блок се зголемува!
Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи цената на електричната енергија во првиот блок да се намали за 5,16%, додека во третиот и четвртиот блок да се зголеми!
„Цената за електрична енергија за домаќинствата во првиот блок се намалува за 5,16%, вториот блок и евтината тарифа остануваат исти, третиот блок се зголемува за 2,88% и четвртиот блок се зголемува за 1,86%“, вели Бислимовски
Како што посочи, со воведувањето на пристап кон мрежа, се овозможи цената за мрежарина да се намали за речиси 23%.
„Сето тоа ни овозможи да донесеме цени како што објавивме пред малку. Денеска покажавме што значи воведувањето на надоместокот на пристап кон мрежа. Тоа доведе до намалување на цената во првиот блок и цената во евтината тарифа и во вториот блок да остане иста“, информира Бислимовски.

