Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Цементарница УСЈЕ еден од предводниците во следење на ЕСГ пристапот за деловно управување
Македонија

Цементарница УСЈЕ еден од предводниците во следење на ЕСГ пристапот за деловно управување

12/12/2023

AA

Декарбонизација и дигитализација, работно окружување што овозможува раст, позитивно локално влијание и одговорно управување со ресурсите, се четирите клучни столба на кои се развива и имплементира ЕСГ стратегијата (Enviroment, Social and Governance) во Цементарница УСЈЕ АД Скопје. Компанијата сите свои активности ги насочува кон креирање на одржлив раст и поттикнување на развој на заедницата, градејќи силни партнерства со сите засегнати страни.

Како една од првите компании во земјава кои ја поставија ЕСГ стратегија за 2025 и понатаму, УСЈЕ беше дел од конференцијата „Поттикнување на одржлива бизнис околина“, што ја организираше Американската стопанска комора во Северна Македонија (AmCham) со поддршка на Центарот за меѓународни приватни претпријатија од Вашингтон (CIPE).

На конференцијата посветена на важноста од воведувањето на ЕСГ пристапот во реалниот сектор како предуслов за креирање на одржлив развој зборуваше и Магдалена Славејкова, менаџерка за човечки ресурси и корпоративна општествена одговорност во УСЈЕ. Поделувајќи ги исуствата на компанијата и на Титан групацијата, Славејкова истакна:

“За нас во УСЈЕ, ЕСГ стратегијата не се само пишани зборови на хартија, туку се принципи кои ги применуваме во нашето секојдневно работење. Нашите активности, и во компанијата и во односите со нашите партнери, се базирани на транспаретност и отворен дијалог кој трае во континуитет. Особено внимание посветуваме на дијалогот со заедницата и дополнително зајакнување на соработката. Секоја година ги спроведуваме нашите активности согласно ЕСГ целите според годишен акционен план кој е целосно хармонзиран со принципите на Зелениот договор на Европската Унија и Целите на Обединетите нации за одржлив развој (ЦОР) за намалување на CO2 емисиите до 2030 година“.

УСЈЕ секоја година вложува во проекти базирани на ЕСГ стратегијата и целите, а само минатата година во зелени проекти и проекти од интерес на пошироката заедница инвестирани се 10 милиони денари. Како компанија која е посветена на добро управување, транспарентност и бизнис етика, Цементарница УСЈЕ е посветена на сите засегнати страни, пред сѐ вработените, добавувачите, клиентите и целокупната заедница. Покрај тоа, компанијата воведе и нов производ – „зелениот“ ЕКО Цемент со помало количество клинкер, со што диркетно се намалуваат емисиите на CO2.

Цементарница УСЈЕ поседува Интегрирана еколошка А дозвола и работи по највисоките стандарди во областа на животната средина. Работењето на компанијата се следи и преку 24-часовен независен мониторинг, а податоците од мерењата ги имаат на увид сите релевантни институции.

На конференцијата „Поттикнување на одржлива бизнис околина“ домашни и странски експерти истакнаа дека македонските компании имаат добри перформанси во однос на имплементирањето на ЕСГ пристапот, но постои можност за унапредување на соработката.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАМЕСТО ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО БИЛ КАЈ ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА

13/02/2026
Македонија

ЗОШТО ДОЗВОЛИЛЕ ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА ОТВОРЕНО? Филипче жестоко го брани

13/02/2026
Македонија

СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ

12/02/2026
Македонија

НÈ ЧЕКА ВРНЕЖЛИВ ВИКЕНД И ЗАЛАДУВАЊЕ Продолжува променливото време

12/02/2026
Македонија

Касами: Сè додека Беса учествува во Владата како дел од

12/02/2026
Македонија

БЕСА ГО ОТВОРИ ПАТОТ ЗА СПОЈУВАЊЕ ВО ПАРТИЈА „ВРЕДИ“ Движењето

12/02/2026
Македонија

Година на странски туристи: Туризмот во Македонија со раст од

12/02/2026
Македонија

Дефект на водовод блокираше пат: Свлечиште го отсече селото Татар

12/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41397
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАМЕСТО ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО БИЛ КАЈ ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА ГО СЛЕДЕЛЕ Петрушевски има 3

13/02/2026

Наместо да објасни зошто по скандалот со запленетата марихуана заминал во Грција на „консултации” кај неговиот ментор Заев, лидерот на

ЗОШТО ДОЗВОЛИЛЕ ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА ОТВОРЕНО? Филипче жестоко го брани менторот, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

13/02/2026

Лидерот на СДСМ Венко Филипче да каже зошто со неговиот претходник Зоран Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно

СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ СЛУЖБИТЕ Филипче има идеја како

12/02/2026

  Лидерот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Канал 5 вели дека нема комуникација ниту координација со претседателот на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy