Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Целта ни е да постигнеме повисока цена на тутунот, да ги задржиме младите“: тутунопроизводителите велат имаме квалитетен продукт
Економија

„Целта ни е да постигнеме повисока цена на тутунот, да ги задржиме младите“: тутунопроизводителите велат имаме квалитетен продукт

27/10/2024

AA

Тутунопроизводителите во земјава се подготвени за откупот на тутунот од годинашната реколта. Преку 10.000 семејства во државава очекуваат продуктивен почеток на откупот. Променливата година со дожд и суша донесе тутунопроизводство од околу 17.000 тони тутун, со добар квалитет. Тутунарите очекуваат поволен откуп и повисоки цени од ланските.

– Тутунопроизводителите на стартот на производството се соочија со неповолни климатски услови. Имаше премногу влага при расадувањето што го оддолжи процесот, во растот на тутунот имаше голема суша, што го намали приносот, но, тоа го зголеми квалитетот и на крајот имаше дождови што пак, го зголемија производствотo – изјави Киро Ристески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија.

На ниво на држава, со откупувачите се склучени околу 30.000 договори за производство од 26.000 тони тутун. Но, тоа не е вистинската слика, зашто на теренот има многу помалку тутун, односно околу 17.000 тони. Инаку, годинава се засадени над 13.000 хектари.

– Како Сојуз сме подготвени и утре да почне откупот на тутунот. Но, компаниите ги запазуваат законските рокови. Последниот ден за заверување на мострите е 15 ноември, така што, потоа може откупувачите да ја почнат кампањата. Крајниот рок за почетокот на откупот е 15 декември – посочи Ристески.

Годинава, 10 откупни фирми ќе го преземаат родот. Имаат лиценци и финансиски гаранции. Има најава за зголемување на бројот на откупните ваги. На тутунарите им претстојат средби во Министерството за земјоделство најавени за понеделник, како и со откупувачите на 4 ноември. Бараат повисоки откупни цени во споредба со ланските.

– Дискутираме со откупувачите. И ние не сме задоволни од моменталната цена што е на ланското ниво, односно 375 денари за прва, 300 за втора и 260 за трета класа откупен тутун. В понеделник имаме средба со министерот за земјоделство Цветан Трипуноски. Мислиме дека ќе наидеме на добра соработка, а на 4 ноември ќе имаме и средба со откупувачите. Целта ни е да постигнеме повисока цена на тутунот, да го задржиме производството, да ги задржиме младите да го работат тутунот, зашто според статистиките, просечната старост на тутунопроизводителите е преку 50 години, нагласи Ристески.

На теренот во земјава ќе има 320 откупни ваги.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy