
ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО НА ТЕРОРИСТОТ УРОШ РАБОТИ ВО АРМИЈАТА! Татко му е потполковник, брат му е пожарникар, а мајка му работи во ВМА
Масовниот убиец Урош Б.(21) од Дубона кај Младеновац, кој со
автоматска пушка уби осум и рани 13 лица, потекнува од угледно семејство, а
татко му, мајка му и брат му се вработени во војската на Србија!
Според неофицијалните информации на Информер. рс, таткото на Урош е потполковник во
војската на Србија и нема никаква темна точка во кариерата.
– Неговиот татко е многу почитуван. Брат му работи во противпожарна, исто така во армијата, а неговата мајка
Билјана е медицински техничар во операционата сала на ВМА – вели добро упатен
извор на Информер.
Во Вињиште кај Крагуевац утрово е уапсен Урош Блажиќ, кој наводно се обидел да се
сокрие во куќата на близок роднина. Пред тоа, при бегството, тој киднапирал
таксист заканувајќи му се на
возачот со рачна бомба.
ФОТО: Социјални мрежи
