
Целосно затворена патарината Миладиновци кон Скопје поради пожар
Поради избувнат пожар во близина на автопатот, денеска целосно е затворена патарината кај Миладиновци во насока кон Скопје.
Сообраќајот е во целосен прекин на овој дел од автопатот, а надлежните апелираат граѓаните да користат алтернативни правци и да бидат внимателни при движење во погодениот регион.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот, откако пожарот ќе биде ставен под контрола.
