
Целосно затворен патот Градско-Прилеп, едно лице повредено
Од 19:55 часот на магистралниот пат А-1, Градско-Прилеп, кај
с.Раец, поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во целосен прекин, велат од АМСМ.
Доктор Антоан Паракеов, раководител на Итна медицинска помош – Кавадарци, за МИА вели дека едно лице е повредено.
– Лицето било приклештено во камион и извадено од пожарникари. По укажаната прва медицинска помош на лице место, со возило на Брзата помош е пренесено кон кавадаречката општа болница, појасни Паракеов.
Биљана Ѓаковска, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Велес, исто така, потврди за МИА дека имало сообраќајка на магистралниот пат Градско – Прилеп кај Раец, меѓу две товарни возила. Таа истакна дека во тек бил увидот на лице место и засега не може да каже повеќе детали.