
ЦЕЛА НОЌ ГОРЕЛА БОЛНИЦА ВО СРБИЈА: Евакуирани стотина пациенти меѓу кои и многу деца
Пожарот што
синоќа избувнал во Специјализираната болница за болести на тироидна жлезда и
метаболички болести „Чигота Златибор“ е локализиран дури изутрината, а
спасувачите успешно евакуирале околу стотина пациенти, меѓу кои и триесетина
деца, јави Радио телевизија на Србија.
Пожарот, чија
причина се уште не е позната, ги зафати покривот и горниот кат на болницата во
зимскиот туристички центар на планината Златибор, при што се евакуирани вкупно
114 пациенти.
Директорот на
Специјалната болница Александар Симиќ изјави дека сите неподвижни и други
пациенти се евакуирани и сместени во околните хотели.
Засега е
неизвесно кога болницата која прима пациенти од повеќето земји во регионот, ќе
се врати во функција.
