Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Цела година Заев ни праќаше слики на WhatsApp од средби со политичари
Магазин

Цела година Заев ни праќаше слики на WhatsApp од средби со политичари

04/12/2024

AA

Руските пранкери Вован и Лексус го прогласија поранешниот македонски премиер Зоран Заев за најглупавиот политичар од сите што успеале да ги насамарат. Заев во 2018 и во 2019 година, додека беше премиер, „падна“ на нивните лажни повици и водеше сериозни разговори со нив, мислејќи дека разговара со поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко и со поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и со активистката Грета Тунберг.

Пранкерите Владимир Кузњецов и Алексеј Столјаров гостуваа во подкастот на блогерот и дизајнер Артеми Лебедев, кој е достапен на социјалната мрежа ВКонтакте, каде го нарекоа Заев херој на нивните шеги и го прогласија за најглупав од сите.

Вован и Лексус велат дека откако му се јавиле на Заев во име на поранешниот украински претседател  Порошенко, снимката од разговорот не ја објавиле цела година потоа. За сето тоа време Заев редовно им испраќал фотографии од средби со други политичари преку Ватсап, но и од контакти на државници од Косово, и мислел дека комуницира со Порошенко. Тие велат дека досега не успеале да лажат некој друг функционер цела година.

„Ова е веројатно најглупавиот политичар со кој успеавме да комуницираме“, велат тие.

Во јуни 2019 година Вован и Лексус на својот јутјуб канал објавија снимка во должина од речиси еден час, за која велат дека се споени три разговори со Заев, направени во август 2018, јануари 2019 и во април 2019 година. Во нив комичарите, претставувајќи се како Порошенко и Столтенберг разговараат со македонскиот премиер на повеќе теми – ситуацијата пред референдумот, дали Русија има влијание во нашата држава, како и за Косово и Србија. Се разговара и околу добивањето на автокефалност на македонската православна црква, а лажниот Порошенко го убедува Заев дека истата може да се добие со поткуп од 100.000 евра за вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Во разговорот со лажната Грета Тунберг и нејзиниот татко, Заев со нив зборува за затворање на аеродромите, за легализирање на марихуаната, посета на активистката на Македонија, како и за мигрантите.

Мета на руските пранкери беа и Борис Џонсон, Жан Клод Јункер, неколку американски гувернери и конгресмени, како и францускиот претседател Емануел Макрон.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy