
Цела Германија чека отказ на Тухел, Баерн пак му „прости“
Прво загуби од Баер, потоа од Лацио и денеска од Бохум, па во првенството е на -8 во однос на лидерот, а се наоѓа и на прагот на елиминација од Лигата на шампионите. По поразот од Бохум, цела Германија очекува отказ за тренерот Томас Тухел, но тоа најверојатно нема да се случи, барем не вечерва.
Германскиот новинар Флоријан Плетенберг објави дека раководството на клубот дефинитивно донело одлука Тухел да остане на тренерската позиција, а тој самиот воопшто не размислува за оставка и порачува дека ќе се бори до крајот.
Сепак, не е исклучено под притисок на јавноста и навивачите претстојните денови да дојде до промена на одлуката имајќи предвид дека Баерн нема натпревар до идниот викенд.

