
Цел свет ѝ се смее на УЕФА: На Албанија поништен чист гол – голем срам за ВАР (ФОТО)
Триумфот на нашиот западен сосед можеше да биде и поубедлив, со оглед на огромната грешка на судиите во ВАР-собата, кои им го поништи четвртиот гол на Албанците. Погодокот на Арбнор Муја во 82. минута беше поништен поради офсајд, што и не би било спорно доколку линијата што беше повлечена не одеше целосно дијагонално.
Целиот фудбалски свет не може да поверува дека никој во ВАР просторијата не сфатил дека линијата не е правилно исцртана и дека е поништен чист гол. Тие не исцртаа линија по центарот на теренот, туку поврзаа двајца чешки играчи иако едниот беше видно поблиску до голманот.
