
„ЦЕЛ ШАРЖЕР КУРШУМИ, МИ ТРЕБА САМО ЕДЕН ДЕН“: Видео со ваква порака го навело Коста на масакрот, приведен човекот кој го снимил
Пости цврсто
сомневање дека Коста
Кецмановиќ бил инспириран од видео во кое се повикува на вооружена пресметка со
хејтерите. Курир.рс дојде до видеото
со застрашувачки пораки, а младиот човек кој го снимил бил приведен, што за
Курир го потврдил извор близок до државните институции.
Видеото објаснува
како да се справите со „оние кои не ве сакаат“. Авторот, меѓу другото,
вели дека „деновиве има многу хејтери, а некои од нив се дури и ваши
пријатели“, а потоа прикажува вистински арсенал оружје и подготовки за масовно
пукање.
-Немав друг избор денеска, освен да дојдам во градот и да се
ослободам од лицето кое ми се закануваше по животот. Цел шаржер куршуми, ми
треба само еден. Нема друга опција, тој или јас. Ова е само почеток – вели тој,
а потоа пука.
Авторот на филмот има речиси милион следбеници на ТикТок, од
кој видеото во меѓувреме е отстрането, а Курир има докази дека 13-годишниот Кецмановиќ, што го изврши масакрот во училиштето, бил инспириран токму од филмот.
Извор: (Kurir.rs)