Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Царинската управа се најде на високото петто место во спроведување на политики за интегритет, покажува извештајот на ДКСК
Македонија

Царинската управа се најде на високото петто место во спроведување на политики за интегритет, покажува извештајот на ДКСК

02/04/2025

AA

Царинската управа се најде на високото петто место во спроведување на политики за интегритет на ранг листата на вкупно 72 институции, или за едно место понапред во однос на 2023 година, покажува најновиот извештај за имплементација на интегритет за 2024 година на Државната комисија за спречување на корупцијата. Во извештајот за 2023 година Царинската управа беше на шестото место во спроведување на политики на интегритет.

ДКСК забележува подобрување во делот на идентификувани ризици од корупција и зголемени контроли со цел нивно превенирање, преземени конкретни чекори во делот на спречување на судир на интереси, меѓу кои и изречени дисциплински за царински службеници кои постапувале надвор од овластувањата. Подобрувања се забележани и во делот на транспарентноста.

Поголемата професионалност и интегритет при извршување на работните задачи минатата година резултираше со поголема наплата на приходи во Буџетот, при што само во втората половина од годината беа наплатени една милијарда евра, бројот на случаи за заплени беше зголемен за 63 проценти, а бројот на кривични пријави беше зголемен за повеќе од три пати.

Во 2024 година беа евидентирани вкупно 410 случаи на заплени при откриени прекршочни и кривични дела при што 305 случаи се евидентирани во втората половина од годината. До Основното јавно обвинителство во 2024 година беа поднесени и вкупно 89 кривични пријави, против 46 правни лица и 122 физички лица, при што во втората половина од годината се поднесени 69 кривични пријави за 37 правни и 101 физичко лице.  За споредба во втората половина од 2023 година беа поднесени 20 кривични пријави.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy