Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Царинска управа: Започнуваме амбициозен проект – Нов едношалтерски систем што ќе ја олесни трговијата
Македонија

Царинска управа: Започнуваме амбициозен проект – Нов едношалтерски систем што ќе ја олесни трговијата

15/12/2023

AA

Започнуваме амбициозен проект за модернизација на процесите за издавање лиценци и дозволи што се користат при царинење, со цел да се олесни трговијата, да се подобри контролата и безбедноста на стоките и да се намалат трошоците за компаниите. Единствениот национален едношалтерски систем има за цел да ги дигитализира процесите така што македонското стопанство повеќе нема да поднесува документи до неколку органи, при што сите процеси за издавање дозволи ќе се одвиваат на едно место. Со воспоставување на новиот национален едношалтерски систем македонското стопанство ќе биде поконкурентно на меѓународниот пазар. Ова беше истакнато од страна на високи претставници на Царинската управа на третиот Управувачки комитет за имплементација на Новиот едношалтерски систем, а чиј претседавач е вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Досега се работеше на усогласување на функционалностите на системот, при што во скоро време проектот ќе се презентира пред бизнис заедницата.

Воедно беше потенцирано дека потребно е процесот да се одвива на највисоко ниво, со забрзана динамика од страна на сите гранични институции се со цел успешно спроведување на проектот којшто практично е дел од реформите за олеснување на трговијата и поттикнување на растот и вработеноста во државата. Имплементацијата на системот како дел од Проектот на Светска банка за забрзување на транспортот и трговијата во Западен Балкан ќе овозможи забрзана интеграција во ЕУ.

Анастас Маженковски, помошник директор на Сектор за информациски и комуникациски системи, рече дека новиот национален едношалтерски систем ќе им овозможи на стопанствениците и трговците сите информации и податоци за увоз, извоз и транзит наместо на неколку места да ги поднесуваат на едно место со што ќе заштедат средства и време.

На овој начин Царината и другите гранични институции ќе можат колективно да ги користат податоците од овој систем, со што ќе се подобри меѓусебната соработка и ќе се подигне нивото на услуги кон македонското стопанство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy