Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Царинска управа: Се подобрува сообраќајниот пристап на граничниот премин Табановце – Прешево со цел забрзување на протокот на возила – иницијатива на Отворен Балкан
Македонија

Царинска управа: Се подобрува сообраќајниот пристап на граничниот премин Табановце – Прешево со цел забрзување на протокот на возила – иницијатива на Отворен Балкан

12/05/2023

AA

Започнуваат градежните инфраструктурни зафати на граничниот премин Табановце за проширување на пристапните сообраќајници од македонска страна што има за цел забрзување на протокот на возила и олеснување на трговијата. Активностите се во целосна координација со институциите од српска страна каде наскоро ќе започне сличен инфраструктурен зафат.

Планираните активности се во рамки на иницијативата Отворен Балкан и согласно потпишаниот Меморандум помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија, во кој се содржани мерките за забрзување на движењето на возила, луѓе и стоки преку заедничката државна граница.

Градежните зафати се очекува да завршат во првата половина од следниот месец, пред почетокот на туристичката сезона.

Исто така, во периодот што следи ќе започне да се применува и мерката за признавање на потврдите за вагање на товарните возила помеѓу Царинските управи на двете земји, со што ќе се намали времето за спроведување на царинските формалности.

Дополнително, Царинската управа работи и на воведување на концептот на т.н. паметни граници, што подразбира поставување нова опрема, односно нов систем за видео надзор и препознавање на регистарските таблички на возилата интегриран со читачи на кодови на документи, како и поставување на нови автоматизирани рампи и ваги.

Овие мерки ќе придонесат за забрзан проток на граничниот премин Табановце и намалување на трошоците на патниците и економските оператори, што ќе влијае позитивно на меѓународната трговска размена во регионот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy