Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП МОЖЕ ДА ДОНЕСАТ И НЕШТО ПОЗИТИВНО“: Џејми Димон од Давос
Економија

„ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП МОЖЕ ДА ДОНЕСАТ И НЕШТО ПОЗИТИВНО“: Џејми Димон од Давос

23/01/2025

AA

Првиот човек на
„JPMorgan Chase“, Џејми Димон
денеска изјави дека новите царини за трговските партнери што ги објави
американскиот претседател Доналд Трамп може да донесат нешто позитивно.

И покрај загриженоста дека тарифите би можеле да
предизвикаат глобална трговска војна и повторно да ја разгорат инфлацијата во
земјата, лидерот на најголемата американска банка по имот истакна дека
тарифите, доколку се користат правилно, можат да ги заштитат американските
интереси и да ги вратат партнерите со подобри зделки за САД.

„Ако тоа води до мала инфлација, но е добро за националната
безбедност, нека биде така и преболете го“, изјави Димон за CNBC на маргините
на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.

Тој не навлегува во детали за плановите на Трамп, но рече
дека зависи од тоа како ќе се спроведат обврските.

„Тарифите се економско средство, економско оружје, во
зависност од тоа како и зошто ги користите“, рече извршниот директор на
најголемата американска банка.

Откако ја презеде функцијата во понеделникот, Трамп се
закани дека ќе воведе дополнителни царини за Мексико и Канада, кои во вторникот
ги прошири на Кина и на Европската унија.

Трамп посочи дека новите царини би можеле да стапат на сила
од 1 февруари.

Американскиот претседател рече дека Европската унија се
однесува кон САД „многу, многу лошо“ поради големиот годишен трговски суфицит. CNBC забележува дека САД имале дефицит од
214 милијарди долари (околу 205 милијарди евра) со ЕУ минатата година до
ноември 2024 година.

За Кина и Мексико се најавени царини од 10 отсто, а за
Канада и Мексико 25 отсто.

фото: EPA

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски убеден дека ќе стигнеме први до ЕУ

21/11/2025
Македонија

НАДОЈДЕНИ РЕКИ И РЕКОРДНИ ВРНЕЖИ Енергетскиот систем издржа без ризик

21/11/2025
Македонија

Охридско Езеро е на безбедна кота, надојдените води во Дебарско

21/11/2025
Македонија

Денес во Кочани започна со работа регионалниот центар за ментално

21/11/2025
Македонија

ОЈО Кочани ќе вложи жалба за мерката куќен притвор за

21/11/2025
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ СЕ МОДЕРНИЗИРА И ЌЕ БИДЕ ПОЕФИКАСНА Зголемен буџетот

21/11/2025
Македонија

ВИДЕО Реката Черава се излеа: Поплавени куќи и дворови во

21/11/2025
Македонија

ВИДЕО Падна дрво на охридскиот кеј „Македонија“

21/11/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 37916
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски убеден дека ќе стигнеме први до ЕУ

21/11/2025

На самитот во Тирана насловен „Нашиот пат кон ЕУ“, премиерот Христијан Мицкоски испрати јасна порака до европските партнери: Македонија испорачува

НАДОЈДЕНИ РЕКИ И РЕКОРДНИ ВРНЕЖИ Енергетскиот систем издржа без ризик од преливи

21/11/2025

Охридско Езеро е на безбедна кота и далеку од максимумот, а под целосна контрола се и акумулациите Глобочица и Дебарско

Охридско Езеро е на безбедна кота, надојдените води во Дебарско и Глобочица се под контрола,

21/11/2025

Интензивните врнежи од дожд што ја зафатија територијата на Македонија во изминатите четири дена предизвикаа значителен пораст на водостоите, особено

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy