Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Царината спречила шверц на лекови, стоматолошки материјали, очила со диоптер, цигари…
Магазин

Царината спречила шверц на лекови, стоматолошки материјали, очила со диоптер, цигари…

14/05/2025

AA

Царинската управа во текот на изминатите денови спречила повеќе обиди за криумчарење лекови, стоматолошки материјали, очила со диоптер, поголема количина цигари, мотоцикл, УПС уреди за напојување со електрична енергија и друга стока. Од почетокот на годинава до сега севкупно на ниво на цела царинарница Гевгелија запленети се 700 штеки цигари.

Како што денеска соопштија од Царинската управа, бил спречен обид за криумчарење лекови на граничниот премин Деве Баир. Запленети се пет парчиња ампули Genotropin GoQuick од 12 mg што се употребуваат при недостаток на хормонот за раст, 50 вијали Dysport, раствор за инјектирање, што се употребуваат при цервикална дистонија и други медицински цели, чиј внес во државата подлежи на посебни дозволи од надлежни институции и истиот е строго регулиран.

– До сторителот од страна на Секторот за контрола и истраги е поднесена кривична пријава. Случајот го открија царинските службеници на влез во државата на граничен премин Деве Баир при контрола на автобус кој сообраќал на линија Македонија – Турција – Македонија. При тоа во торбата на возачот покрај лековите, пронајдени се и  20 кутии со 170 кг мед, 177 парчиња чоколада, три килограми чај, како и над 40 парчиња фармерки со ознаки на заштитени марки, се додава во соопштението.

Мобилен тим запленил над илјада парчиња стоматолошки материјали меѓу кои прибор за импланти, материјали за изработка на круни и мостови, материјал за пломбирање заби, средства за белење заби, стоматолошка гума и други стоматолошки материјали. Истите се откриени на влез во државата на граничен премин Богородица при контрола на автомобил со кој патувал македонски државјанин. Сторителот, инаку македонски државјанин, без да ја пријави стоката чиј внес е строго регулиран и подлежи на посебни дозволи, сакал да ја криумчари во државата. Против него е поведена соодветна постапка.

Царината запленила и над 600 парчиња очила со диоптер за кои увозник не поседувал дозвола за увоз. Случајот е откриен во царинска испостава Гевгелија при контрола на разна стока со потекло од Кина којашто била пријавена за увозно царинење.

Службата за мобилен скенер на граничен премин Табановце спречила и обиди за криумчарење на УПС уреди што се користат за непрекинато напојување со електрична енергија. Истото е откриено при скенирање на камион, како и извршена контрола, при што во кабината биле откриени две парчиња УПС уреди „Делта МХ“. Во друг случај при контрола на камион со бугарски регистарски таблички запленети се и околу 300 парчиња облека, коишто биле скриени на различни места во возилото. 

– Македонец се обидел преку граничен премин Табановце нелегално да внесе шест илјади евра, како и поголема количина облека, но и обувки, чанти и паричници коишто сакал да ги шверцува без за нив да плати давачки. Во истото е спречен од царинските службеници кои поради сомневање го застанаа автомобилот со кој патувал за детална контрола при што е пронајдена непријавената стока. Патникот со себе носел 16 илјади евра, при што согласно Законот за девизно работење вратени му се десет илјади евра, а останатите се запленети. Покрај тоа во багажниот простор во неколку торби е пронајдена и останатата непријавена стока, меѓу која околу 100 парчиња облека, седум пара обувки, две чанти и два паричници, при што истата е запленета. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од Царинската управа.

Царинските службеници на граничниот премин Табановце спречиле и обид за шверц на мотоцикл за крос, пронајден во автомобил со германски регистарски таблички со кој патувал македонски државјанин. При контроли на граничниот премин откриени биле и обиди за шверц на 20 парчиња каиши за затегнување стока печатач, над 70 парчиња облека, делови од уреди и друга стока што патниците не ги пријавиле на влез во државата, со цел избегнување плаќање давачки. 

На граничниот премин Табановце е откриен и случај на прекршочно дело каде патник се обидел нелегално да внесе над две илјади парчиња разни предмети со религиозен карактер (дрвени крстови, плетени бројаници, бројаници од монистри и метални и дрвени приврзоци). Случајот е откриен при контрола на автобус  кој сообраќал на релација Белград-Уранополис, при што во торбата на патникот е откриена непријавената стока.

При контрола на три камиони и еден автомобил на влез во државата на граничниот премин Богородица се запленети 58 штеки цигари. Возачите на камионите ги скриле штеките на цигари на различни места, под душекот на креветот, во преградата за алат, но и во филтерот за воздух. Во сите случаи на контрола, царинските службеници успешно ги откриле намерите на возачите, при што се спречени во обидите за криумчарење на цигари. 

Над дванаесет парчиња употребувани делови за возила, како и нова пумпа за кочење за товарни возила,како што соопшти Царинската управа, се пронајдени во багажникот на автомобил со косовски регистарски таблички, со кој косовски државјанин се пријави за влез во државата на граничниот премин Дојран.  Против патникот ќе биде поведена соодветна постапка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
Македонија

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026
Македонија

Момче од Македонија паднало од тобоган во Бодрум, со скршеница

07/08/2026
Македонија

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл

07/08/2026
Македонија

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на

07/08/2026
Македонија

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за

07/08/2026
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет за водата во Гостивар оти добиените

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична состојба

07/08/2026

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, соопшти Министерството

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца минувачи

07/08/2026

Денеска, кај Камениот мост во центарот на Скопје, двајца случајни минувачи со навремена и храбра реакција извлекле жена од реката

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска на улицата „Радишанска“ во скопската населба Радишани, животот го загубил 19-годишен мотоциклист,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy