Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Царина откри криумчари: Сакале да пренесат патики, лакови, епилатори, инвертери, лекови, стероиди…
Македонија

Царина откри криумчари: Сакале да пренесат патики, лакови, епилатори, инвертери, лекови, стероиди…

20/02/2025

AA

Возач на товарно моторно возило, државјанин на Косово, се обидел преку Деве Баир да криумчари  разни лекови и анаболични стероиди од кои 126 кутии со вкупно 1.260 ампули Equiamax B200 200mg-1ml, Decamax D200 200mg-1ml, Testomax E250 250mg-1ml, Testomax C200 200mg-1ml, Primomax P100 100mg-1ml, 50 флакони Gemtu 1000mg-10ml, како и 49 кутии со вкупно 4.410 таблети Andromax Oxymetholone 25mg и Danamax Methandrostanolone 10mg.

Во намерата е спречен од мобилен царински тим кој на влез на граничен премин Деве Баир изврши контрола на возилото, при што во кабината на возилото во кеса скриена со ќебе и јакна, во фиоката над воланот и во сандакот со алат ги откри непријавените лекови со вкупна вредност од 788 илјади денари. Против сторителот е поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово.

– Поднесена е кривична пријава до ОЈО Гевгелија против едно лице, државјанин на Иран, заради основано сомнение за сторено кривично дело „Вршење јавен превоз без поседување на лиценца“, казниво по Кривичниот законик. Сторителот, кој управувал со товарно моторно возило кое било натоварено со производи за увозник од Скопје, на граничен премин Богородица кај царинскиот орган покрај останатите документи приложил и фалсификувана поединечна транспортна дозвола. Истото е утврдено во предкривичните дејствија преземени од инспекторите при Секторот за контрола и истраги.

– Кривична пријава до ОЈО Гевгелија е поднесена и против две лица, едно правно и едно одговорно лице во транспортна компанија заради основано сомневање за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ казниво по член 378 од Кривичниот законик. Одговорното лице во транспортната компанија направил лажна исправа „извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународен патен сообраќај“ при што од својот компјутер во делот за регистарски ознаки ги променил ознаките на возилото и впишал регистарски ознаки на друго возило. Лажната исправа ја ставил во кабината на товарното моторно возило која подоцна е приложена од возачот на излез од државата на граничен премин Богородица, при транспорт на стока. Царинските службеници се посомневале во автентичноста на дозволата и случајот е предаден на Секторот за контрола и истраги кој изврши проверка на исправата со надлежни институции, при што е утврдено дека исправата е фалсификувана.

– Кривична пријавa до ОЈО Куманово е поднесена за македонски државјанин кој се обидел да криумчари стока во вредност од 826.400 денари, за кои требало да плати увозни давачки од 155.232 денари. Станува збор за рачка за епилатор ,,Elysion applicator“ која е пронајдена во картонска кутија сместена помеѓу предните и задните седишта на автомобил со македонски регистарски таблички, со кој сторителот се пријавил за влез во државата на граничниот премин Деве Баир.

– Службата за мобилни скенери на влез во државата на граничен премин Табановце заплени разна стока меѓу која четири инвертери за соларни системи, 150 парчиња лакови за нокти од 10 мл и 20 парчиња серум за кожа од 30 мл која македонски државјанин кој патувал со автомобил со германски регистарски таблички се обидел да ја криумчари во државата.

– Царински службеници на граничен премин Табановце запленија топлинска пумпа BOSCH (внатрешна и надворешна единица со заштитни маски),  откако истата македонски државјанин кој патувал со автомобил со австриски регистарски таблички сакал да ја шверцува во државата без да плати увозни давачки.

– Запленети 3.300 евра откриени при личен претрес на патник, инаку македонски државјанин, кој со автомобил со македонски регистарски таблички, се пријавил за излез од државата на граничниот премин Богородица. Патникот пријавил дека со себе носи 2.500 евра, но при извршената контрола, во џеб од неговата јакна, биле пронајдени 5.300 евра за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот девизен прекршок ќе биде поведена прекршочна постапка.

– Мобилен царински тим заплени 31 пар патики со вкупна вредност од 137 илјади денари, откако истите македонски државјанин без да ги пријави и за нив да плати увозни давачки од 44 илјади денари сакал да ги криумчари во државата. Непријавените производи се  пронајдени во кеси и торби сместени на задното седиште и во багажникот на автомобил со бугарски регистарски таблички, со кој македонски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Табановце.

– 1.320 ремчиња за рачни часовници, се пронајдени во два куфери и ранец на македонска државјанка, која патувала со автобус кој сообраќал на релација Истанбул-Скопје. Непријавените производи се откриени при контрола на автобусот на влез во државата на граничниот премин Деве Баир.

– 42 парчиња делови за возила, со вкупна вредност од 302 илјади денари се откриени од Службата за мобилни скенери, при контрола на товарниот дел на два камиони со македонски регистарски таблички, управувани од македонски државјани, на влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Во првиот случај, се пронајдени 13 употребувани гуми за камиони, 4 употребувани гуми со алуминиумски бандажи за автомобили, 4 задни светла и 13 хидраулични пумпи за камиони, а во вториот случај се пронајдени 4 употребувани гуми со алуминиумски бандажи и 4 нови гуми за автомобили.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Солзи радосници на ГАК: Малата Бисера по 82 дена замина

03/09/2026
Македонија

Личната карта и возачката дозвола наскоро во телефон: Во октомври

03/09/2026
Македонија

Кошаркарски тренер од Охрид е жртвата во стравичната несреќа на

03/09/2026
Македонија

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е стабилно, но

03/09/2026
Македонија

Петровска бара надзорна расправа за дата-центрите: „Граѓаните имаат право да

03/09/2026
Македонија

Влезот на концертот на Дејвид Гета само со нараквица: Влезниците

03/09/2026
Македонија

Две лица од Кина пронајдени починати во стан во Скопје

03/09/2026
Македонија

Мицкоски не стравува од истрагата за Унгарскиот кредит: Средствата се

03/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45429
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Солзи радосници на ГАК: Малата Бисера по 82 дена замина во прегратките на родителите

03/09/2026

Една мала борба заврши со голема победа. По цели 82 дена поминати на одделот за интензивна нега, малата Бисера конечно

Личната карта и возачката дозвола наскоро во телефон: Во октомври ќе биде промовирана m.Uslugi

03/09/2026

Телефонот наскоро би можел да стане место каде граѓаните ќе ги имаат своите најважни лични документи. Министерот за дигитална трансформација

Кошаркарски тренер од Охрид е жртвата во стравичната несреќа на патот Охрид-Кичево!

03/09/2026

Трагичната сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на патот Охрид-Кичево го однесе животот на 33-годишниот Антонио Савески, тренер во младинската

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy