
Campari купува познат коњак за 1.32 милијарди долари
Компанијата Davide Campari Milano која делува во рамки на компанијата Campari Group влезе во преговори со компанијата Beam Suntori за купување на сопственикот на познатиот коњак Courvoisier.
Договорот вреден од 1.32 милијарди долари ако се оствари ќе биде најголема зделка во историјата на италијанскиот производител на пијалоци.
„Донесувањето на Courvoisier коњакот во нашето портфолио на глобални приоритети е ретка и единствена прилика да го прошириме портфолиото со жестоки пијалоци и понудата на коњаци“, вели извршниот директор Боб Кунзе Кончевич.
Основан во 1828 година од Феликс Курвоазије, во Јарнак во областа Шарант во Франција, добил титула за снабдувач на Царската куќа од Наполеон Трети. Тоа било омилен пијалок во времето на Бел Епок, период на уметнички и културен напредок на Франција. Познатиот коњак лани имал приходи од 249 милиони евра. Од тој проход 60 отсто дошле од САД, а другите од Британија и Кина, пренесува Бонитет.
Ова ќе придонесе за напредок во САД, но има и потенцијал во азиско – пацифичкиот регион. Се очекува дека договорот ќе биде завршен до крајот на 2024 година.
