
Ц. Звезда во Љубљана остана без бодови, а можеби и без Теодосиќ на – подолго време (ВИДЕО)
Ако загубата на бодовите не ги загрижува премногу, навивачите на црвено-белите се во паника поради повредата на Милош Теодосиќ, кој незгодно падна во средината на третата четвртина. Тој набрзо се врати на паркетот, но снимката по мечот не е охрабрувачка.
На неа се гледа како искусниот плејмејкер едвај оди и со мака се качува во автобусот. Деталите околу неговата повреда ќе бидат познати утре, кога ќе му бидат направени детални лекарски прегледи во Белград.
