
Ц. Звезда милиметри до нова титула во Србија, веќе утре може да ја прослави
Ц. Звезда во последниот меч од регуларниот дел со вечерашната победа дојде до 82 бода, веќе 23 пред ТСЦ и Чукарички со меч повеќе, па потребно е овие два најблиски ривали утре да одиграат најмалку реми во своите мечеви со Вождовац односно Партизан за и формално црвено-белите да бидат шампиони.
Белградскиот гигант веќе шест години доминира во Србија, а ова е најубедлива титула, зашто можно е во плејофот и последните седум кола од сезоната да влезат како шампиони и само формално да играат, а повеќе да се подготвуваат за настап во Лигата на шампионите, зашто во новата сезона, имаат директен пласман во групите поради извонредното 11-то место на Србија на УЕФА-листата.
Аргентинецот Алекс Виго во шестата минута и младиот Стефан Митровиќ во 78-та минута беа стрелци денеска за 26-та победа сезонава.
