
Бурно полувреме на Енфилд – два поништени гола и еден промашен пенал (ВИДЕО)
Резултатот по 45 минути игра е 0-0, но многу лесно можеше да биде барем 2-1 за домашниот тим. Во 18. минута поради офсајд беше поништен голот на Луис Дијаз, пет минути подоцна Дубравка го одбрани пеналот на Салах, а во 37. минута гол постигна и Њукасл, преку Бурн, но и тој не беше признат поради офсајд.
Ливерпул е убедливо подобар тим на овој меч, домашните фудбалери не само што имаат 63% посед на топка, туку и упатија 18 удари кон противничкиот гол, за разлика од Њукасл кој има само еден.
