Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БУРНИ ДЕНОВИ: ШТО ГИ ВИВНА НАГОРЕ ЦЕНИТЕ НА АКЦИИТЕ НА ОКТА – Берзата прашала, еве што ѝ одговорила рафинеријата
Економија

БУРНИ ДЕНОВИ: ШТО ГИ ВИВНА НАГОРЕ ЦЕНИТЕ НА АКЦИИТЕ НА ОКТА – Берзата прашала, еве што ѝ одговорила рафинеријата

07/09/2023

AA

Што е тоа што ги вивна цените на акциите на скопската рафинерија ОКТА, е прашањето кое се поставува, откако во последниов период
значајно се зголемија цените на хартиите од вредност на ова акционерско друштво.

Она
што се случува во последниот период на Берзата со акциите на ОКТА најдобро го
покажува и графиконот на движењето на акциите, кој говори дека почнувајќи од 28
јули годинава акциите на нафтената компанија почнуваат континуирано да се
движат нагоре, но најзначајниот скок почнува да се случува од први септември,
кога линијата на пораст е буквално вертикална.


Иста
таква вертикална линија на пораст има и кај истргуваните количини акции на ОКТА
при редовното тргување во последните неколку денови.

Или,
за работите да ги претставиме подобро, вреди да се напомене дека на 28 јули
цената на една акција на ОКТА изнесувала 3.360 денари, а на први септември
цената достигнала 3.890 денари.

Но,
вистинскиот скок стартува од тој датум, па веќе на 4 септември, што е прв
работен ден после викендот, цената дошла до 4.124 денари за акција. Наредниот
ден цената на акцијата уште оди нагоре и изнесува 4.534 денари, додека, пак, вчера
таа достигнува нова фантастична височина и изнесува 4.973 денри за акција.

Значаен раст има и кај дневните истргувани
количини и тоа на 1 септември 156 акции, па 187, па 254 и вчера се истргувани
306 акции.

Само вчера значи цената на акциите на ОКТА
имаше раст од 9,68 отсто, при што треба да се знае дека со цел да се штитат
акционерите, кај вакви ликвидни хартии од вредност, максималното дозволено
одење нагоре или спуштање надолу, е до 10 проценти.

Голем раст регистрирала Берзата и во текот
на цел август, па така ОКТА е акционерско друштво со најголемо зголемување
месечно на цената на акцијата, или таа пораснала за 15,77 отсто.

За тоа зошто вака расте цената на акцијата
на ОКТА во последниов период, се заинтересирала и Берзата, што е и логично во
услови кога треба да се знае дали можеби има некоја информација плус што треба
да им биде позната на акционерите и инвеститорите, надвор од она што е објавено
со редовните финансиски извештаи. Од Берзата испратиле прашања до ОКТА на што
се должи зголемувањето на цената, а од таму добиле одговор дека нема никакво вонредно
случување, туку дека порастот на цената на акцијата се должи на одличните
резултати од работењето на ОКТА, а не на некакво купување или продавање акции
од страна на членови на Управниот одбор на компанијата.

„Во врска со порастот на
цената на тргување на акциите на ОКТА АД – Скопје во текот на август
и септември 2023 година, би сакале да го истакнеме следното: Според
член 35 точка 2 од Правилата за Котација на Македонска Берза, нa 31/07/2023 година
ОКТА АД – Скопје објави финансиски резултати остварени во втор квартал/прва
половина2023 година, како и Соопштение за остварените значајни финансиски
резултати кое информира за оперативната и финансиската ефикасност на
компанијата. Истовремено, според член 34 алинеја 7 од Правилата за Котација на
Македонска Берза, информираме дека ниту еден член на Одборот на Директори на
ОКТА АД – Скопје нема купувано/продавано акции. Со оглед на горенаведеното,
ОКТА АД – Скопје нема никакви дополнителни ценовно чувствителни информации што
произлегуваат од Правилата за котација кои би влијаеле на било каков начин на
цената на акцијата на ОКТА АД – Скопје“, се вели во
одговорот кој ОКТА го испратила до Берзата и преку не до целата инвеститорска
јавност.

Ако се погледне билансот на успех на ОКТА
за првото полугодие од годинава, може да се види дека имале благо намалување на
приходите, но затоа Билансот покажува драматично намалување на добивката во
однос на истиот период лани, односно таа изнесува само 600 илјади евра, што е
огромно спуштање за 95 отсто во однос на ланскиот профит од дури 12,4 милиони
евра. На прв поглед од Билансот не може да се разбере која е таа ставка што
отстапува што дошло до толку значајно нмалување на добивката.

Инаку,
како што веќе пишуваше Фактор во мај годинава, Собранието на акционери на
Скопската рафинерија ОКТА
тогаш одлучи да има исплата на дивиденда на
вкупна сума од три милиони евра. 
Ова
беше предлог на акционерот „Пуцко петрол“, кој сега во ОКТА поседува 10,87
отсто од акциите, додека доминантниот грчки акционер располага со 81,51 отсто.

Има и ситни акционери, и тоа 1.275 домашни
физички лица, кои се акциоери на ОКТА.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy