
БУРЕН ЉУБОВЏИЈА: Кој е новиот црногорски премиер кој во емисија во живо ги наброја девојките што ги имал
Новиот црногорски премиер Милојко Спајиќ, поранешниот министер за финансии во владата на Здравко Кривокапиќ, со чија ќерка се забавуваше, претходно стана хит на социјалните мрежи и тоа поради – љубовта!
За да се оправда дека не е националист, пред ТВ камерите го откри својот љубовен живот.
– Мојата девојка беше Французинка, претходно индонезиска муслиманка, претходно јапонски будист, пред тоа кинески комунист. Не можам да замислам контекст во кој би можел да се идентификувам со какви било радикални националистички ставови – изјави тогаш Спајиќ.
Спајиќ, кој потекнува од Пљевље, во неколку наврати беше критикуван од неговите политички противници за неговите ставови во однос на СПЦ, за која смета дека е институција која постои во Црна Гора со векови и на која граѓаните најмногу и веруваат.
Што се однесува до неговите љубовни врски, најпрвин многу се зборуваше за врската на Спајиќ со убавата бринета која има висока позиција во европска институција за Западен Балкан. Докторирала по меѓународна историја и политика во Женева, долго време соработувала со бројни меѓународни организации, а сега е на висока позиција.
Двајцата беа во обичајна врска, но медиумите пред неколку години објавија дека извесно време не биле заедно. Многу интересна информација за неговиот љубовен живот во една прилика изнесе и самиот Спајиќ.
На почетокот на 2022 година, во обид да се оправда од обвинувањата за национализам, тој јавно, пред телевизиските камери, ги кажа деталите од својот љубовен живот.
– Мојата девојка беше Французинка, претходно индонезиска муслиманка, претходно јапонски будист, пред тоа кинески комунист. Не можам да замислам контекст во кој би можел да се идентификувам со какви било радикални националистички ставови – изјави тогаш Спајиќ.
