Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бурата Киеран ја погоди јужна Англија: Стотици училишта затворени, железничките услуги суспендирани
Македонија

Бурата Киеран ја погоди јужна Англија: Стотици училишта затворени, железничките услуги суспендирани

02/11/2023

AA

Бурата Киеран ги погоди Британските острови придружена со силен дожд, а јужна Англија ја зафатија ветрови со брзина од 160 километри на час, кои претходно во текот на ноќта ги погодија Франција и Ла Манш.

Издадени се жолти, портокалови и црвени временски предупредувања, што укажува на потенцијален ризик по животот и имотот.

Стотици училишта ширум јужна Англија беа затворени поради невремето и силниот дожд, а железничките услуги беа прекинати, додека на возачите на југот и западот на Велика Британија им беше препорачано да ги избегнуваат крајбрежните патишта, јави Би-Би-Си.

Жолта метеоролошка тревога е во сила за делови од Англија, Шкотска и Велс. Во бурата Бабет пред две недели, која ја погоди Велика Британија, загинаа најмалку седум лица, а илјадници куќи беа погодени од поплави.

Француските медиуми јавија дека невремето го погодило западниот брег на Франција со брзина до 178 километри на час во западна Бретања.

Повеќе од 1,2 милиони Французи останаа без струја

Невремето остави 1,2 милиони домови без струја во Франција, од кои 780.000 се во Бретања, соопшти францускиот дистрибутер на електрична енергија, пренесе Франс 24.

Метеоролозите најавија дека невремето во текот на денот ќе се пресели во внатрешноста, а во сила е портокалов метео аларм за вкупно 31 француски департман.

Во некои области долж Атлантикот се очекуваат бранови од осум до 10 метри, а во Париз на сила е предупредување за силен ветер.

Во Франција се очекува да биде во прекин сообраќајот од неколку аеродроми низ земјата, како и од железничките линии до петок наутро.
Невремето ќе зафати и повеќе земји во Западна Европа, меѓу кои и Велика Британија и Холандија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени!

26/06/2025

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна

Иранците им се закануваат на САД: Можеби вие ја започнавте оваа војна, но ние ќе

23/06/2025

Иранската војска ги предупреди Соединетите Американски Држави за сериозни последици доколку се приклучат на војната на страната на Израел, по

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy