Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бунт во Министерството за финансии, нема зголемување на платите
Економија

Бунт во Министерството за финансии, нема зголемување на платите

01/02/2023

AA

Бурен ден имало денеска во Министерството за финансии, откако министерот Фатмир Бесими ја повлекол одредбата за зголемување на платите на вработените за 30 отсто од 1 јануари 2023.

Зголемување на платите нема да има, одлуката е одложена, а дел од вработените денеска околу 13.00 часот излегоа на протест и потоа се повлекоа. 

Неофицијално имало разговор помеѓу раководителите и Бесими, но инфо за средбата засега нема. Според соопштението од министерството што го издаде подоцна, може да се заклучи дека зголемувањето се одлога затоа што не може да се направи систематизација.

Во него се вели дека треба да се допрецизира дали одредбата е во согласност со Законот за буџет. Министерот за финансии истакнува дека во оваа насока со амандман на новиот системски Закон за буџети, предложен и поддржан од страна на пратениците во Парламентот, интенцијата беше решавање на прашањето во насока на обезбедување  соодветни и фер услови согласно одговорноста.

„Но, бидејќи со оваа одредба на Законот не може, да се постигне самата цел на Законот, односно наградување на сите тие што се вклучени во подготовката и спроведувањето на државниот буџет, поради неможноста на утврдување на специфичноста на работните задачи и посебната одговорност која произлегува од работната позиција,  примената ќе ја регулираме со  допрецизирање на одредбата од Законот за Буџети или со самиот Закон за систем на плати во јавниот  секторот, кој е во завршна фаза на подготовка како системско решение ва рамки на јавниот сектор“, се вели во дел од соопштението.

Вработените во МФ сметаат дека не може со одредба да се суспендуира законско право и дека во минатото се доделувале додатоци на плати поради специфичноста на работното место. За УПОЗ е кривично дело суспендирањето на веќе потпишаните решенија. Од УПОЗ стравуваат дека може и да доцнат платите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УДРИЛ ВО ПИЈАН ПЕШАК И ПОБЕГНАЛ Повредениот имал 1,69 промили

25/01/2026
Македонија

ПИЈАНА КАВАДАРЧАНКА СО НОЖ ГО ПОВРЕДИЛА СОПРУГОТ Со 2,61 промили

25/01/2026
Македонија

ЈА СЛЕДЕЛЕ, ПА НАСИЛА ЈА ОДНЕЛЕ СО КОЛА Скопјанка киднапирана

25/01/2026
Македонија

Грабната 23 годишна девојка од Скопје

25/01/2026
Македонија

ЗОШТО МАКЕДОНСКИОТ ПАСОШ Е БОРДО? Симболика и значење на боите

25/01/2026
Македонија

ЗА ПОМАЛКУ ЖРТВИ НА ПАТОТ „Безбеден град“ работи автоматски и

25/01/2026
Македонија

Хоас на гробиштата во Ѓорче Петров: Се степаа за паркинг

25/01/2026
Македонија

„Безбеден град“ се шири во Куманово и Тетово: Денеска тест-блокади

25/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40600
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УДРИЛ ВО ПИЈАН ПЕШАК И ПОБЕГНАЛ Повредениот имал 1,69 промили алкохол, велат од Брзата помош

25/01/2026

Синоќа околу 23:50 часот на улицата Гоце Делчев во Охрид, патнички автомобил удрил во 49-годишниот Б.С., кој бил пешак. Возачот

ПИЈАНА КАВАДАРЧАНКА СО НОЖ ГО ПОВРЕДИЛА СОПРУГОТ Со 2,61 промили алкохол направила хаос во семејниот

25/01/2026

30-годишна жена од Кавадарци утрово била приведена откако, според пријавата, со остар предмет го повредила својот сопруг во семејниот дом.

ЈА СЛЕДЕЛЕ, ПА НАСИЛА ЈА ОДНЕЛЕ СО КОЛА Скопјанка киднапирана во Струга, кривична за четворица

25/01/2026

Вчера попладне во Струга се случи сериозен инцидент, откако четворица мажи од Скопје се обвинети за насилно однесување на 23-годишна

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy