Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БУНТ ПРОТИВ ПОЗНАТИОТ ГЕРМАНСКИ СИНЏИР – Лидл наиде на неочекувани проблеми во Црна Гора
Економија

БУНТ ПРОТИВ ПОЗНАТИОТ ГЕРМАНСКИ СИНЏИР – Лидл наиде на неочекувани проблеми во Црна Гора

09/12/2024

AA

Германскиот синџир маркети Лидл, кој со нетрпение го очекуваа граѓаните на Црна Гора, купи неколку локации во неколку градови низ земјата со цел да ги отвори првите продавници. Но, наспроти сите очекувања, компанијата се соочува со проблеми во Беране каде сопствениците на дуќани во околината на земјиштето што го купија Германците бараат да се премести маркетот. Станува збор за трговците кои на тоа место со години имаат тезги и дуќани за кои тврдат дека се единствениот извор на приходи.

– Не очекувавме дека Општина Беране ќе ни сврти грб и ќе не остави без леб. Се надевам дека општината ќе предложи нова локација и со тоа ќе не заштити од глад и распаѓање. Ако општината не го направи тоа, ние ќе се организираме и ќе си ги браниме нашите животи – рече на еден од претходните протести Џеко Скендеровиќ, сопственик на една од зградите.

Хакија Красниќ, претставник на сопствениците на објектите предвидени за уривање, изјави дека во вторникот во Беране се сретнале со премиерот Милојко Спајиќ и дека имале многу конструктивен разговор.

– Премиерот ги немаше сите информации, па вчера во текот на разговорот му ја презентиравме комплетната ситуација. Тој вети дека ќе се обиде да најде решение за никој да не биде повреден – рече Красниќ.

Сопствениците на локалот денеска по седми пат се собраа пред зградата на општина Беране за да го изразат својот протест против одлуката за продажба на спорното земјиште, која беше донесена од страна на Собранието на општината кон крајот на декември минатата година. Тие сметаат дека со уривањето на просториите, голем број претприемачи и нивните работници би останале без работа и дека тоа би претставувало голем социјален проблем во сиромашното Беране.

Нагласија дека немаат ништо против доаѓањето на Лидл, но не, како што посочуваат, по цена да се уништат голем број мали претприемачи. Од општина Берана претходно соопштија дека се е направено во законски рамки, пишува Бизниспортал.рс.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНЦИТЕ ИМААТ ТАЕН И ЗАСТРАШУВАЧКИ ЕФИКАСЕН „КОНТРАЦЕПТИВ“ Традиционалниот метод „прекини

26/09/2026
Македонија

ПРОДАВАЛЕ МРАЗ СО БАКТЕРИИ НАПРАВЕН ОД КРАДЕНА ВОДА Двајца од

26/09/2026
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45812
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНЦИТЕ ИМААТ ТАЕН И ЗАСТРАШУВАЧКИ ЕФИКАСЕН „КОНТРАЦЕПТИВ“ Традиционалниот метод „прекини на време“ не е единствениот

26/09/2026

Само 14% од жените на возраст од 15 до 49 години кои се во брак или заедница во Македонија користат,

ПРОДАВАЛЕ МРАЗ СО БАКТЕРИИ НАПРАВЕН ОД КРАДЕНА ВОДА Двајца од Радовиш со години го работеле

26/09/2026

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца радовишани, кои неовластено и во нехигиенски услови произведувале мраз во кој е утврдено присуство

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy