Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бугарското МНР реагира поради забраната за влез на петмина бугарски државјани – МВР вели не ги исполнувале условите за влез
Македонија

Бугарското МНР реагира поради забраната за влез на петмина бугарски државјани – МВР вели не ги исполнувале условите за влез

06/05/2023

AA

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија соопшти дека е разочарано од одлуката на властите во Република Северна Македонија да не им дозволата влез во земјата на бугарскиот пратеник во Европскиот парламент Андреј Ковачев, на претседателот на Фондацијата „Бугарска меморија“ Милен Врабевски и на уште тројца бугарски државјани.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека не е дозволен влез на петмина бугарски државјани, поради неисполнување на условите за влез во Република Северна Македонија, согласно законот за странци.

-Денеска (06.05) околу 11 часот на граничниот премин Ново Село поради неисполнување на условите за влез во Република Северна Македонија, согласно законот за странци, не е дозволен влез на петмина државјани на Република Бугарија. Македонската полиција нема да дозволи, ниту сега ниту во иднина, никој да го нарушува јавниот ред и мир и да ги навредува и омаловажува граѓаните и државата и нема да биде дозволен влез на такви лица на територија на државата, нагласуваат од МВР.

Настанот на кој требало да присуствуваат е по повод празникот Ѓурѓовден, што традиционално со години се организирал во Ново Село, Струмица од страна на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, Генералниот конзулат на Бугарија во Битола и Фондацијата „Бугарска меморија“ преку свеченост во Бугарската воени гробишта со панихида.

-Причините за одбивањето, поточно издадената забрана за влез во Северна Македонија, предизвикуваат конфузија. Во врска со денешниот невиден инцидент, Министерството за надворешни работи нагласува дека наведените тврдења за евроинтеграции на Северна Македонија бараат барем прекин на провокациите кон Бугарија, Бугарите и кон претставниците на европските институции. Бугарската страна ќе го покрене ова прашање официјално пред властите во Северна Македонија и со нашите меѓународни партнери, бидејќи настаните од слична природа имаат негативно влијание врз добрососедските односи и напорите на бугарската страна насочени кон враќање на довербата и создавање позитивна клима за развој на билатералните односи, стои во реакцијата на бугарското МНР.

Претходно за БТА европратеникот и известувач во Европскиот парламент за Република Северна Македонија, Илхан Ќучук изјави дека е недозволиво и неприфатливо да не се дозволи влез на европратеникот Андреј Ковачев во Република Северна Македонија.

-Станува збор за бугарски државјанин, пратеник во Европскиот парламент, кој отишол таму со добри намери – да го почитува заедничкиот спомен. Треба да се изрази несогласување со овој став, кој треба да биде доволно силен од страна на бугарската амбасада и од страна на европратениците, вели Ќучук. В понеделник ќе се сретнеме и ќе видиме што може да се направи, вели тој.

Ковачев изјави дека го информирал министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, кој заедно со премиерот Димитар Ковачевски се во Њујорк и не знаел точно каква е ситуацијата.

Засега нема официјален став од Министерството за надворешни работи на Северна Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy