Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БУГАРСКИТЕ БИЗНИСМЕНИ КОИ ГИ ДОБИЈА ДРЖАВНИТЕ ТЕНДЕРИ ЗА ГАС – сега ќе продаваат и струја
Економија

БУГАРСКИТЕ БИЗНИСМЕНИ КОИ ГИ ДОБИЈА ДРЖАВНИТЕ ТЕНДЕРИ ЗА ГАС – сега ќе продаваат и струја

07/02/2023

AA

За краток период
од неколку недели, управителите на бугарската компанија преку која што
Македонија купува гас за скопските топлани регистрирале две фирми со кои што ќе
ги прошируваат своите бизниси во земјава. Според информациите објавени од
телевизија „Телма“, еден од управителите во „Балкан Јутилитис“, Савас
Агапио, преку „Синтез Грин Енерџи ЛТД“ со седиште во Кипар,во земјава
регистрирал нова компанија
„Синтез Грин Енерџи – увоз,
извоз ДООЕЛ Скопје“. Ова
друштво за производство, трговија и услугие основано како микробизнис, а неговото седиште е во скопската општина Центар.

Дополнително,
Агапио заедно со неговиот колега Тони Стефанов Баев, со кој фигурираат како управители во
„Балкан Јутилитис“ регистрирале
уште една фирма, „Балкан
Јутилитис Трејдинг“, преку
која нивната намера е да се вклучат
во македонскиот бизнис со електрична енергија.

„Балкан Јутилитис“ во Бугарија е регистрирана како микропретпријатие, но нејзината работа е испреплетена со фирми кои
што во своето име го содржат зборот „Синтез“, а токму тие во медиумите се
поврзуваат со контроверзниот руски бизнисмен Леонид Лебедев. „Балкан Јутилитис“ е основана во 2008 година, а на адресата на нејзиното седиште во Софија има запишано уште 204
фирми. Во 2017 година дел од оваа компанија стануваат и
Максим Жежов, којшто е поврзан со уште 22 фирми, Савас Агапио
од Грција, кој е сопственик и на фирмата „Виндоус интернешнал“, како и Тони Стефанов Баев, чие име е поврзано со уште седум фирми.

Баев е сопственик и управител на компанијата од која што Македонија за јануари и за февруари купува гас
по цена повисока од берзанската. На 12 септември 2022
година бугарската регулаторна комисија издала решение со кое што одобрува „Балкан Јутилитис“ да отпочне да работи на пазарот со гас, а во овој
документ се наведени и централата Те-То од Скопје, но и компанија од Кипар која што е поврзана со Те-То. Бугарскиот регулатор притоа наведува:

„Подносителот
на барањето планира, покрај на слободниот пазар, да испорачува природен гас на
Те-То електрана во Скопје, сопственост на поврзана компанија на главниот
акционер на „Балкан Јутилитис“ АД, „Синтез Грин Енерџи Кипар“. Електраната е со
инсталирана моќност од 250 MWh и комбиниран циклус со потрошувачка од околу 300
милиони m3 природен гас годишно“.

Токму со „Балкан
Јутилитис“, државната компанија што раководи со скопските топлани, ЕСМ, потпиша
договор за набавка на гас за првите два месеци од 2023 година по фиксна цена,
која што е значително повисока од берзанската. Ако се земе предвид цената на
природниот гас од 1 јануари, што ќе важи до крајот на месецот, пресметано
заедно, за три набавки на природен гас државата ќе плати 916 илјади евра
без ДДВ, односно речиси 1.1 милион евра повеќе со вклучен
данок на додадена вредност. За февруари, простата пресметка покажува дека на
месечно ниво, односно за 28 дена, при нормална потрошувачка од 2200 MWh,
разликата меѓу двете понуди изнесува 1.706.936 евра/MWh. При максимална
потрошувачка од 3500 MWh, разликата изнесува
дури 2.715.580 евра/MWh.

(ПР објава)

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски: Во овој момент не постојат услови за уставни измени

04/06/2026
Македонија

УЈП ја пушти во тестирање веб-апликацијата за е-Фактура: Започна третата

04/06/2026
Македонија

Трговија со дете во Скопје: Разбиена шема за незаконско посвојување,

04/06/2026
Македонија

Три лица уапсени, со едно извршен службен разговор, вкупно седум

03/06/2026
Македонија

Приведен тетовец, пијан со пиштол се обидел да изврши разбојништво

03/06/2026
Македонија

30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица

03/06/2026
Македонија

58-годишник од тетовско силувал малолетничка во комбе со кое вршел

03/06/2026
Македонија

Пожар во средно училиште во Тетово, неколку вработени вдишале чад!

03/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43591
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски: Во овој момент не постојат услови за уставни измени

04/06/2026

Јасна евроатлантска ориентација со цврсти ставови Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изјави дека Македонија останува фокусирана

УЈП ја пушти во тестирање веб-апликацијата за е-Фактура: Започна третата фаза од проектот

04/06/2026

Управата за јавни приходи (УЈП) официјално ја започна третата фаза од капиталниот проект за воведување на е-Фактура. Со оваа етапа,

Трговија со дете во Скопје: Разбиена шема за незаконско посвојување, новородено бебе „продадено“ за 500

04/06/2026

Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе поднесе кривична пријава против шест лица под сомнение за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy